Русија го усвоен нацрт закнот за ограничувања на странска сопственост во медимите

Руските законодавци го усвоја нацрт-законот со кој се ограничува странска сопственост на медиумите во земјата до 20 проценти. Предлог-законот беше одобрен од страна на Долниот дом на Думата во сите три читања. Текстот сега треба да биде усвоен од страна на Горниот дом, Советот на Федерацијата, и да биде ратификуван од страна на претседателот Владимир Путин, пред да стапи на сила. Ако го усвојат законот, сопствениците на медиуми со странски капитал ќе треба да ги намалат влоговите под 20 проценти до февруари 2017 година. Некои медиумски финансиери го критикуваа законот како последниот обид на Кремљ да ја задуши слободата на медиумите.