ЕУ, Украина и Русија постигнаа решение за испораката на гас

ЕУ, Украина и Русија постигнаа времено решение за испораката на природен гас кое може да спречи недостиг на енергија и во Украина и во земјите од ЕУ оваа зима. Еврокомесарот за енергија Гинтер Отингер, по денешната трилатералната средба во Берлин, рече дека Украина мора да ѝ плати две милијарди долари на Русија до крајот на октомври и уште 1,1 милијарди долари до крајот на годинава за заостанатиот долг. Ако Москва ги добие тие две милијарди долари до крајот на октомври и ако Украина однапред плати за новите набавки на гас по 385 долари за 1000 метри кубни гас, Русија ќе му испорача на Киев пет милијарди метри кубни гас.