Литванија - да се заштити суверенитетот на Украина

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите.

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите, ја осуди Русија за „нелегалните акти на агресија“ во Украина. Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН, таа ја повика меѓународната заедница да го заштити суверенитетот на Украина. Во интервју за американскиот весник Вашингтон Пост, објавено вчера, таа вели дека Русија се однесува како „терорист“ во Украина и со заплашувањето на другите соседи. Таа исто така го критикува Западот за недостаток на лидерство при спротивставувањето, и на Русија во Украина и на Исламската држава во Сирија и во Ирак. Руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март ги вознемири Литванија и другите две балтички држави, Летонија и Естонија. Овие три поранешни советски републики станаа независни држави во 1991 година, а во 2004 година влегоа во НАТО и во ЕУ заради обезбедување на нивната независност.