Просечната плата во јули 21.350 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јули годинава изнесувала 21.350 денари и во однос на јули лани е повисока за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемениот износ се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „градежништво“ за 9,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“ за 9,5 проценти и „административни и помошни услужни дејности“ за 6,8 проценти.

Во јули 2014 година, 1,2 проценти од вработените во Македонија не примиле плата.