Гани освоил повеќе од 55 проценти од гласовите

Ашраф Гани.

Авганистанската изборна комисија денеска потврди дека Ашраф Гани победи на претседателските избори во земјата освојувајќи повеќe од 55 проценти до гласовите. Комисијата уште претходно го прогласи Гани за победник без да ги објави резултатите, поради стравување дека наводните изборни измами може да предизвикаат насилства. Гани добил 55, 27 проценти од гласовите. И Гани и неговиот ривал Абдула Абдула прогласија победа на 14 јуни по вториот круг од гласањето. По разговорите меѓу нив помогнати со посредство на САД, Гани и Абдула се согласија да формираат влада на национално единство, со Гани како претседател, а Абдула како извршен директор, со овластувања на премиер. Гани треба да биде инагуриран на 29 септември.