Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми

Лидерот на Северна Кореја, има здравствени проблеми, за првпат признаа државните медиуми во земјата. Државната телевизија денеска јави дека Ким Јонг Ун страда од „непријатности.“ Според телевизијата, лидерот и покрај проблемите сепак го одржува богатството и просперитетот на земјата преку макотрпни напори. Ким Јонг Ун го немало во медиумите од 3 септември, со што се разгореа шпекулациите дека е во лоша здравствена состојба. Тој исто така не присуствуваше на клучниот состанок на Врховното Народно собрание на Северна Кореја, кој се одржа на 25 септември.