Продолжија американски воздушни напади против милитантите во Сирија

Цели на американските воздушни напади во текот на изминатата ноќ биле бази на милитантите на Исламската држава и нафтени постројки во две сиријски источни провинции. Денеска, рано изутрина, бил бомбардиран и еден команден центар на милитантите во близина на градот Ал Мајадин. Нема информации за жртви. Во досегашните американски воздушни напади врз цели на милитантите на Исламската држава, се верува дека биле убиени најмалку 140 милитанти и 13-тина цивили.