Попоски: САД се најсилни подржувачи на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера во Њујорк остварил средба со американскиот помошник државен секретар за Европа, Викторија Нуланд, посветена на борбата против тероризмот на Балканот. По средбата, Попоски изјави дека станало збор за тоа како балканските земји можат заеднички подобро да се справат со растечката закана од исламистичките групи.

Во делот на билатералните односи, имавме можност да потврдиме дека Соединетите Американски Држави се партнер и еден од најсилните поддржувачи на Република Македонија. Остануваат посветени за наша поддршка во НАТО и за членство во Европската Унија, изјави Попоски.