Продолжува собраниската расправа за буџетот за 2015 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за предлог-буџетот за 2015 година. На седницата која почна вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека за идната година се предвидува економски раст од четири отсто, инфлацијата да биде два отсто, а капиталните инвестиции се проектираат на 345 милиони евра. Приходите се проектирани на 2,65 милијарди евра, а расходите на 2,95 милијарди евра, односно се предвидува буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5 отсто од БДП. Во отсуство на опозицијата вчера речиси и да немаше критики за предложениот буџет.