Американско-рускиот екипаж се спои со Меѓународната вселенска станица

Три лица од руско американскиот екипаж се споија со Меѓународната вселенска станица. Руските космонаути Александар Самокјаев и Елена Серова и астронаутот на НАСА Бари Вилмор беа лансирани од космодромот Бајконур во Казахстан вчера, а пристигнаа денеска шест часа подоцна. Официјални лица соопштија дека имало дефект на една од соларните батерии на вселенското летало кое го носеше новиот екипаж на Меѓународната вселенска станица, но контролорите утврдиле дека нема потреба од одложување на спојувањето.Серова е првата Русинка која оди во вселената од 1997 година.