Хамас и Фатах постигнаа договор за владата на национално единство во Газа

Ривалските палестински фракции Хамас и Фатах постигнаа „сеопфатен“ договор за враќање на владата на национално единство во појасот Газа, соопштија денеска преговарачите од двете страни. Тие имаа дводневните разговори во главниот град на Египет, Каиро, во пресрет на разговори со Израел закажани за крајот на октомври.

Договорот за прекин на огнот во Појасот Газа постигнат во август меѓу Израел и Палестинците, вклучува одредба дека палестинските власти треба да ја преземат од Хамас цивилната администрација во Газа. Хамас и Фатах формираа влада на национално единство во јуни, но таа никгаш не профункционира.