Франција изврши нови напади врз цели на ИД во Ирак

Француски борбен авион.

Франција соопшти дека врши нова рунда на воздушните напади врз цели на Исламската држава (ИД) во Ирак.

Портпаролот на Владата изјави дека француски борбени авиони, во утиринските часови, погодиле цели во Ирак, без притоа да дадат повеќе детали. Франција се приклучи на коалицијата против Исламската држава, но само за цели во Ирак, затоа што официјален Багдад побарал помош, но засега се воздржува од напади во Сирија.

Министерот за одбрана, Жан-Ив Ле Дриен денеска рече деке се разгледува можноста Франција да земе учество во нападите во Сирија.