Украина ќе ја лустрира администрацијата на Виктор Јанукович

Спикерот на украинскиот парламент Олександр Турчинов денеска го потпиша нацрт законот за лустрација усвоен од парламентот на 16 септември. Според законот ќе бидат опфатени до еден милион државни службеници, вклучувајќи министри кај кои ќе се испитува склоност кон искоренување на корупција за време на администрацијата на поранешниот про-руски претседател Виктор Јанукович. Службениците кои не можат да ги објаснат своите извори на приходи и имот, нема да можат да работат јавна функција за пет до 10 години.

Се очекува со законот да им се забрани јавна функција на претставници поврзани со про-руските сепаратисти во источниот дел на Украина, други руски структури, вклучувајќи го и разузнавањето.
Откако Турчинов го потшиша нацрт законот, го повика претседателот Петро Порошенко да го направи истото за да може законот да стапи на сила.