Еминентни муслимани со писмо против милитантите на Исламската држава

Над 100 муслимански научници и лидери од целиот свет испратиле отворено писмо до лидерот на Исламската држава Абу Бакр Ал Багдади, во кое истакнуваат дека користењето на исламот од страна на неговата група е нелегитимно и перверзно. Во писмото се наведува дека практиките на Исламската држава, како тортура, ропство, присилна конверзија, кршењето на правата на жените и децата и убивањето невини луѓе, се забранети со исламот. Тие го осудуваат и повикот на џихад од страна на Исламската држава.