Иванов на седница на Советот за безбедност на ОН

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера првпат се обрати на Советот за безбедност на Обединетите нации, свикан од претседателот Барак Обама за справување со растечката закана од тероризмот.

Во своето обраќање, Иванов го поврза застојот во интеграциите со безбедносната состојба во регионот, и ги повика САД и Европската Унија да не оставаат вакуум на балканскиот простор. Во таа насока, претседателот Иванов побраа со почитување на резолуциите донесени токму во Советот за безбедност за спорот меѓу Македонија и Грција, да продолжат интеграциите како на Македонија, така и на остатокот од балканските земји.

Со вонредната седница на Советот за безбедност, на која се обратија над 50 шефови на делегации, претседаваше претседателот Барак Обама.

На крајот Советот едногласно усвои резолуција со која се обврзуваат членките на Обединетите нации да им забранат на своите државјани да се зачленуваат во странски терористички групи.