САД и коалицијата повторно нападнаа цели во Сирија

САД и коалициските сили повторно нападнаа цели на милитантите од Исламската држава во Сирија. Според американската Централна команда, биле нападнати десетици позиции , вклучувајќи мали рафинерии, кои обезбедуваат милиони долари на ден во приходите на Исламската држава. Во одделна изјава, портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека во нападот во источна Сирија била погодена територија што се користи од милитантите за пренесување опрема преку границата во Ирак. Претходно, САД во напад оштети возило на Исламската држава во Сирија во близина на ирачката граница а беа погодени и две други вооружени возила западно од Багдад, како и две борбени позиции во северен Ирак,соопшти Централната команда.