Јаценјук: да не се укинуваат санкциите против Русија

Украинскиот премиер Aрсениј Јаценјук побра да не се укинуваат санкциите против Русија додека Киев не ја врати контролата врз целата своја територија, вклучувајќи го и Крим. Во своето обраќање на Генералното собрание на ОН, тој побара Русија да ги повлече своите сили од источна Украина и да почне вистински разговори за мир. Москва негира дека испраќа војници во Украина. Јаценјук рече дека Русија мора да се придржува до сите точки од договорот за прекин на огнот постигнат во Минск. Јаценјук зборуваше неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама посочи дека Вашингтон би можел да ги укине санкциите ако Москва го прифати договорот за прекин на огнот.