Турскиот претседател го критикуваше Советот за безбедност на ОН

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Советот за безбедност на ОН за неуспехот да се справи со некои од најголемите проблеми во светот. Тој укажа на граѓанската војна во Сирија, каде што повеќе од 200.000 лица се убиени, и на војната во Газа ова лето , каде што повеќе од 2.000 луѓе загинаа. Ердоган говореше пред Генералното собрание во Њујорк каде исто така, го критикуваше египетскиот претседател Абдел Фата ел-Сиси кој зборуваше од истиот подиумот непосредно пред него.Тој рече дека демократски избраниот претседател на Египет, Мухамед Морси бил симнат од власт со државен удар, и дека ОН им дале легитимитет на тие кои го спровеле тој државен удар.