Алжирска исламистичка група обезглави француски турист

Алжирска исламистичка група „Војници на Калифатот“ објави видео кое покажува како обезглавуваат еден француски турист. Педесет и петгодишниот турист од Франција беше киднапиран во Алжир на 21 септември.

Оваа организација која е верна на милитантите од Исламската држава, во собатата и даде рок од 24 часа на Франција да запре со воздушни напади врз цели на ИД во Ирак.

Франција, која ги почна своите први воздушни напади врз милитантите минатата недела, го отфрли ултиматумот на групата.

Досега милитантите на ИД убија двајца американски новинари и еден британски државјанин од август. Нивната смрт беше снимена и објавена на интернет.