Бан Ки Мун - човековите права под напад

Човековите права се „под напад“ насекаде рече генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на отворањето на годишната седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Обезглавувања од бомби, намерното изгладнување на цивили со напади врз болници, засолништа на ОН и хуманитарни конвои, човековите права и владеењето на правото, се под напад“, рече Бан Ки Мун.

Тој додаде дека властите треба да изнајдат надеж во кризите и во очајот и да ја негуваат.


Повеќе од 140 шефови на држави и влади ќе земат учество на собранието кое ќе трае до 30 септември.

Се очекува главна тема на разговорите да бидат заканите од Исламската држава, но и ширењето на еболата во западна Африка и руското мешање во кризата во Украина.


Американскиот претседател Барак Обама ќе биде меѓу првите говорници.