Спорадични борби и покрај договорот за прекин на огнот во Украина

Меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти во источна Украина има спорадични борби и покрај договорот за прекин на огнот, вели официјален Киев. Укрианскиот национален Совет за безбедност и одбрана соопшти дека во изминатите 24 часа се повредени осум војници. Портпаролот на советот Андриј Лушенко вели дека бунтовници ги провоцираат владините трупи да возвратат со оган.

Една станбена зграда во Доњецк била оштетена од бомбардирањето. Бунтовниците велат дека две лица загинале во нападот, но изјавата не може да биде независно потврдена. Прекинот на огнот е во сила од 5 септември, но има повремени нарушувања.