Воздушните напади врз ИД во Сирија и Ирак

Војската на САД потврди дека извршиле пет воздушни напади против милитантите на Исламската држрава(ИД) во Сирија и Ирак. Од Американската Централна команда соопштија дека во текот на ноќта извршиле напади западно од ирачкиот главен град Багдад при што биле погодени две вооружени возила на ИД и едно складиште со оружје. Уште два упоришта на милитантите во регионот на Ибрил исто така биле уништени.

Во соопштението на Централната команда се додава дека во Сирија со нападите се уништени осум возила на милитантите во село во близина на границата со Ирак. Но не даваат проценки за штети и за жртви на страна на милитантите.

Во меѓувреме, активисти јавуваат дека висок оперативец од сирискиот огранок на Ал Каеда бил убиен во Алепо.