Апсењата во Косово - предупредување кон оние кои ги туркаат младите во тероризам

Досегашниот шеф на мисијата на ЕУЛЕКС Берн Борхард.

Апсењата на имами на Косово што ги спроведе косовската полиција се предупредување кон оние кои сакаат да ти турнат младите кон терористички активности, изјави досегашниот шеф на мисијата на ЕУЛЕКС Берн Борхард. Тој во интервју за весникот „Коха диторе“ изјави дека обвинители на ЕУЛЕКС истражувале некои случаи на тероризам, кои имаат религиозни елементи, но дека мисијата не ги поврзува тие случаи со последните апсења.

„Тероризмот, кој произлегува од верата или се базира на некоја друга причина, преставува мошне силна закана не само за Косово, туку и за цела Европа“, изјави тој.