Русија - психијатриски испитувања за уапсениот украински пилот

Украинскиот воздухопловен пилот Надија Савченко.

Руските власти соопштија дека украинскиот воздухопловен пилот Надија Савченко, кој е во притвор во Русија, ќе се подлoжи на психијатриско испитување во Москва. Според рускиот истражен комитет тоа е „рутинска процедура“, во случаи кои вклучуваат сериозно кривично дело. Савченко беше уапсена во јуни и чека судење во Русија. Таа е обвинета за соучество во убиството на двајца руски новинари кои почина додека известуваа за конфликтот меѓу про-руските сепаратисти и владините сили во источниот дел на Украина. Таа ги негира обвиненијата.
Судот на 27 август одби да ја ослободи со кауција и го прошири нејзиниот притвор до 30 октомври.