Порака од британски заробеник на Исламската држава

Британскиот хуманитарец Алан Хенинг.

Сопругата на британскиот хуманитарец Алан Хенинг, кој е во заробеништво на Исламската држава, изјави дека добила гласовна порака од нејзиниот сопруг. Хенинг беше киднапиран во декември минатата година во северозападна Сирија кога конвојот со медицинска помош со кој патувал бил пресретнат од милитантите. Тој беше прикажан на видео снимка објавена минатата недела од Исламската држава на која беше снимено убиството на друг Британец, Дејвид Хаинес. На таа снимка, маскиран човек рече дека 47-годишниот Хенинг исто така ќе биде убиен ако британскиот премиер Дејвид Камерон продолжи со поддршката на борбата против исламистите.