Доживотен затвор за зетот на Осама бин Ладен

Судот во Њујорк го осуди на доживотен затвор зетот на Осама бин Ладен, Сулејман Абу Гаит за обвиненија поврзани со тероризам.
Пред да биде осуден тој порачал дека нема да бара милост од никого, освен од бог.

Абу Гаит кој е кувајтски имам стана портпарол на Ал-Каеда по нападите на 11 септември, предупредувајќи тогаш дека нападите со авиони нема да престанат.

За време на сведочењето тој изјави дека неговата улога била строго религиозна.