Бунтовниците во Украина планираат избори за 2 ноември

Про-руските бунтовници во источна Украина денеска соопштија дека на 2 ноември ќе избираат лидери и законодавни тела. Премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Александар Закарченко, изјави дека за 2 ноември се планирани избори за Врховниот совет (парламент) и избори за лидер на републиката.

И сепаратисти во соседниот регион Луганс рекоа дека и тие ќе се одржат избори на истиот ден.


Закарченко рече дека нема да дозволи на територија која е под негова контрола да се одржат други избори, вклучувајќи ги изборите за пратеници во украинскиот парламент кои треба да се одржат на 26 октомври.

Украина им гарантираше ограничена самоуправа за три години, на областите предводени од сепаратистите, како дел од напорите да се стави крај на вооружениот конфликт.