Руската флота ќе се поднови со повеќе од 80 нови бродови

Со повеќе од 80 нови бродови ќе се поднови руската флота до 2020, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 206, соопшти денеска командантот на руската црноморска флота Александар Витко. Овие коментари тој му ги пренесе на претседателот Владимир Путин на денешната средба во пристанишниот град Новоросијск. Тој исто така рече дека втората база во близина на Новоросијск ќе биде завршена до 2016 година.

Витко вели дека новата база е потребна поради, како што рече, проширувањето на присуството на НАТО во Црното Море.