Узбекистан - ќерката на претседателот во домашен притвор

Узбекистанското обвинителство соопшти дека Гулнара Каримова, најстарата ќерка на претседателот Ислам Каримов е во домашен притвор заради истрага за корупција идруги ибвинувања.

На Каримова се гледаше како на можен наследник на својот татко, се до обелоденувањето на корупцискиот скандал минатата година.


Од Канцеларијата на јавниот обвинител, денеска соопштија, дека Каримова се држи во домашен притовр, заедно со нејзинината 16-годишна ќерка, Иман.

Во јули, на неколку осомничени соработници на Кармова им беше изречена затворска казни откако беа прогласени за виновни за финансиски криминал.

Се соопштението на Обвинетелот се вели дека ќерката на Кармова која е родена во САД, „може да оди каде што сака.“