Косово 138 денa без Парламент

Косово 128 дена нема парламент, од 7 мај, кога беше распуштен претходниот состав на косовското Собрание. На изборите одржани на 8 јуни победник беше Демократската партија на Хашим Тачи со освоени 30,38 отсто од гласовите.

Два дена по изборите, на 10 јуни лидерите на опозицискиот блок потпишаа договор за постизборна коалиција која има 63 од вкупно 120 пратенички места во Парламентот.

Демократите имаат 30 пратеници, останатите дваесет пратенички места се за малцинствата, од кои десет за српското.

На двапатти пропадна конституирањето на Парламентот, првиот пат на 17 јули кога за претседател на законодавниот дом беше избран Иса Мустафа, но Уставниот суд го поништи изоборот, и вториот пат на 18 септември, кога кандидатот на ПДК Арсим Бајрами не доби довол број гласови за да биде избран за прв човек на Собранието.