НАТО не е вклучен во воздушните напади врз милитантите во Сирија

НАТО соопшти дека не е вклучен во американските воздушни напади врз милитантите на Исламската држава во Сирија. НАТО не учествува во оваа акција, изјавил официјален претставник на Алијансата за Ројтерс.