Русија против воздушните напади врз екстремистите во Сирија

Руското министертво за надворешни работи денеска соопшти дека воздушните напади врз позициите на милитантите од Исламската држава во Сирија мора да бидат со одобрение на Дамаск или со одлука на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во соопштението се додава дека во спротивно, ќе бидат зголемени тензиите и ќе дојде до натамошна дестабилизација на регионот.