Осомничените за убиството на израелските момчиња се убиени

Израелската армија соопшти дека двајцата Палестинци осомничени за киднапирање и убиство на тројца израелски тинејџери во јуни биле убиени во престрелка со израелските сили денеска на Западниот Брег.

Киднапирање на тинејџерите во Западниот Брег на крајот доведе и до војна во Газа. Хамас ја презеде одговорноста за киднапирањето.