Судска одлука за зетот на Осама бин Ладен

Американскиот суд денеска треба да ја донесе одлуката за зетот на терористичкиот лидер Осама бин Ладен, кој би можел да се соочи со казна доживотен затвор во неговиот случај за тероризам. Сулејман Абу Гаитх беше осуден во март поради обвиненија дека подготвувал убиство на Американци во неговата улога како портпарол на Ал-Каеда. Имамот на Кувајт стана гласот на Ал Каеда по терористичкиот напад на кулите близначки на 11 септември. Тој тогаш предупреди дека „бурата од авиони“ нема да престане. Абу Гаитх сведочеше на судењето дека неговата улога била строго религиозна. Одбраната побара 15-годишна затворска казна.