Русија целосно ќе го „реновира“ нуклеарниот арсенал до 2020

Рускиот заменик-премиер Димитри Рогозин изјави дека Русија целосно ќе го „реновира“ целиот свој нуклеарен арсенал во следните неколку години.

Во телевизиското ток-шоу емитувано доцна синоќа Рогозин изјави дека 70 проценти од вооружените сили на Русија ќе добијат модерна воена опрема до 2020 година.

Претходно овој месец, Франција објави дека нема да го испорача првиот од двата воени бродови во Русија во октомври како што беше планирано, поради руските акции во источна Украина.

Рогозин ја отфрли одлуката како незаконско, додавајќи дека Русија сега е способна за изградба на такви големи бродови.