Ердоган не кажува како се ослободени заложниците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека владата нема да обелодени детали за тајната операција за ослободување на 49 лица држени како заложници од милитантите на Исламската држава. Заложниците- 46 Турци и тројца Ирачани, беа вратени во Турција во саботата. Групата беше држена повеќе од 3 месеци од страна на Исламската држава, која ги зароби за време на освојувањето на градот Мосул во јуни.

Што направила Турција за ослободување на заложниците беше предмет на шпелулации, како и сомневања дека милитантната група ќе добие нешто за возврат. Ердоган негира дека е платена откупнина, но беше помалку категоричен на прашањето дали е извршена размена на затвореници со терористичката група. Дали имало или не размена, 49 лица се вратија во Турција, рече тој.