Ашраф Гани назначен за нов претседател на Авганистан

Авганистанската Независна изборна комисија го назначи поранешниот министер за финансии Ашраф Гани за нов претседател на Авганистан. Соопштението уследи неколку часа откако Гани и неговиот ривал Абдула Абдула потпишаа договор за поделба на власта и за формирање на влада на национално единство. Со договорот завршува спорот околу изборните резултати во која Абдула и Гани меѓусебно се обвинија за измама.