Папата Франциско:Албанија пример за верска хармонија

Папата Франциско денеска ја осуди злоупотребата на религијата од екстремистите за оправдувања на насилствата.
Во својот говор во претседателската палата во Албанија Папата рече дека никој не смее себе си да се смета за божји штит додека ја користи религијата при планирањето и извршувањето на актите на насилство.

Папата ги даде овие забелешки на мисата во претседателската палата на Албанија во главниот град Тирана.

Тој, исто така, рече дека Албанија е инспиративен пример за верска хармонија. Тоа е посебен случај во овие времиња кога екстремните групи го изопачуваат автентичниот верски дух и каде што верските разлики се инструментализираат, додаде тој.

Околу 10 отсто од Албанците се католици, додека околу 60 отсто се муслимани.

Стотици илјади христијани и муслимани, се собраа во албанскиот главен град Тирана за да го поздрават Папата за време на неговата еднодневна посета.

Албанските власти ја зголемија безбедноста на највисоко ниво, по предупредувањата од Ирак дека милитантите од Исламската држава може да се обиде да го нападнат папата.