Украина нема да ги повлече војниците се додека не престанат нападите

Киев нема да ги повлече војниците од источна Украина се додека целосно не се имплементира прекинот на огнот,соопштија официјални претставници.

Андриј Лушенко , портпарол на Совтот за национална безбедност и одбрана денеска изјави дека двајца војници загинале , а најмалку осум биле повредени во изминатиот ден и покрај прекинот на огнот.

Тој додаде дека ако украинските сили се повлечат , тоа ќе биде направено паралелно со повлекувањето на руските трупи. Русија негира дека има војници во Украина. Лушенко рече бунтовниците пукале во украинските сили на 22 локации. До ова дошло истиот ден кога Украинците и про руските бунтовниците во Минск постигнаа договор за создавање тампон зона и прекин на огнот во источна Украина.