ВМРО ДПМНЕ ниту сега, ниту во иднина ќе го прифати барањето за техничка влада

СДСМ на овие избори изгуби со 200.000 гласови разлика.
На овие избори се отиде со далеку подобар закон, неколку пати подобруван отколку оној закон за избори во 2006тата година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи, а беше во опозиција.

Во овој изборен закон беа внесени сите предлози и барања на СДСМ, после што тој беше изгласан од Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ ниту сега, ниту во иднина ќе го прифати барањето на СДСМ за формирање техничка влада во било каква форма, се вели во соопштението од партијата.