УНИХЦР: Во Турција за 24 часа побегнале 70 илјади Сиријци

Во Турција, за 24 часа, преминале околу 70 илјади сиријски Курди кои бегаат од припадниците на екстремистичката „Исламска држава“, која делува во североисточниот дел на земјата.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја „ќе ги прими браќата кои бегаат од Сирија без дискриминација на верска или етничка основа“.

УНХЦР во соопштение наведе дека се преземаат мерки за на Турција да и се помогне, каде „според последните проценки дошле 70.000 Сиријци во последните 24 часа“.

Турција завчера ја отвори границата за Курдите кои бегаат од Сирија поради нападите на борците од Исламската држава