Белата куќа со засилени безбедносни мерки

Американската тајна служба ја зголеми безбедноста во Белата куќа по натрапникот кој во петокот ја прескокна оградата и стигна до претседателската резиденција, пред да биде приведен. Директорката на службата Џулија Пирсон објави дека ќе биде зголемен бројот на патролите и оти ќе биде засилен надзорот долж северната ограда во делот каде што влегол Омар Гонзалес кој бил вооружен со нож. Поради ова имаше евакуација на делови од Белата куќа. Американскиот претседател Барак Обама не беше во Белата куќа за време на инцидентот.