Москва:анти воени демонстрации поради улогата на Русија во Украина

По повод Меѓународниот ден на мирот во Москва и Санкт Петерсбург за денеска е најавено одржување на анти воени маршови поради улогата на Русија во насилствата во Украина.

Александар Риклин од опозициското движење "Солидарност" најави дека маршот ќе се одржи под мотото "Путине доста е со лаги и поттикнување војни!"
Слични настани се планирани во другите градови на Русија, но, исто така, и во Прага, Берлин и Сан Франциско.