Делумна евакуација на Белата куќа,маж упаднал во дворот

Делови од Белата куќа вчера биле евакуирани, откако непознат човек скокнал преку оградата и се стрчал кон зградата. Американскиот претседател Барак Обама не бил во Белата куќа кога тајната служба наредила евакуација на западното крило. Видеото покажува како натрапникот трча низ тревникот на Белата куќа кон резиденцијата на претседателот. На вработените подоцна им било дозволено да се вратат во зградата. Тајната служба го задржала мажот во притвор. Кај човекот не било пронајдено оружје и тој подоцна бил одведен во болница поради болки во градниот кош.