Оставка на шкотскиот прв министер Салмонд

Алекс Салмонд

Алекс Салмонд изјави дека поднесува оставка како лидер на Шкотската национална партија и оти ќе ја напушти функцијата прв министер на земјата откако на вчерашниот референдум не беше изгласана независност на Шкотска. „За мене времето како лидер заврши, но за Шкотска кампањата продолжува и сонот никогаш нема да умре“, изјави Салмонд во Единбург. Тој додаде дека нема да прифати номинација за лидер на партијата на годишната конференција во ноември и оти тогаш ќе поденесе оставка на функцијата прв министер на Шкотска.