Бомбашки напад во Авганистан, неколкумина загинати

Авганистанската полиција соопшти дека најмалку шест лица загинале, а десетина други биле ранети во денешната експлозија на бомба пред една џамија во северниот дел на земјата. Досега никој не је презеде одговорноста за нападот. Вчера во провинцијата Логар, како што денеска е соопштено, дошло до престрелка меѓу талибанските бунтовници и авганистанските сили при што имало и загинати на двете страни. До насилствата доаѓа додека се чекаат резултатите од претседателските избори што се одржаа во јуни. Во меѓувреме, двајцата претседателски кандидати преговараат за поделба на власта.