Србија со нови економски мерки за излез од кризата

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа објави економски мерки за заздравување меѓу кои се намалување на платите и пензиите поголеми од 210 евра, остра борба против сивата економија, отпуштање вишок вработени во администрацијата, намалување на субвенциите во јавни претпријатија и јакнење на приватниот сектор. „Ако мерките успеат во 2016 година ќе бидеме нормална држава со здрава економија, изјави Вучиќ. Планираните заштеди од платите и пензиите се околу 400 милиони евра, а до планираните 700 милиони евра, како што нагласи Вучиќ, ќе се дојде до „тешки мерки“. Вучиќ најави и укинување на солидарниот данок.