Сенатот на САД одобри обука на умерените сириски бунтовници

Американскиот сенат го донесе амандманот со кој се потврдува планот за војската да може да ги тренира и помага сириските бунтовнички групи што се борат против милитантите од Исламска држава. Планот беше изгласан вчера со 73 гласови за и 22 против.
Претставничкиот дом на САД амандманот го изгласа ден претходно и сега претседателот Барак Обама треба да го потпише. Со него се предвидува американските воени власти да ги тренираат одбраните сириските бутновници на објекти во Саудиска Арабија до средината на декември.