ЕБОР ја намали прогнозата за економскиот раст на ЈИЕ

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа за годинава поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија. За целиот регион банката ја преразгледала прогнозата за годинашниот просечен раст од 2,2 насто до 1,9 проценти, се наведува во извештајот на оваа финансиска институција. Најголема ревизија за намалување на растот банката направила за Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи и двете земји имаа штети од поплавите на крајот на мај. Србија најверојатно ќе падне во рецесија, при што се очекува економијата да спадне за 0,5 насто спрема растот од еден процент при претходната приогноза.