Лидерите на Индија и Кина на разговори во Њу Делхи

кинескиот претседател Си Џинпинг

Лидерите на Индија и Кина се сретнаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за односите меѓу двете најголеми земји во развој во светот. Пред разговорите со индискиот премиер Нарендра Моди, кинескиот претседател Си Џинпинг го истакна огромниот потенцијал од поголемата соработка, со забелешка дека за тоа е неопходно продлабочување на заедничкото разбирање. Неодамна повтрно дојде до разгорување на спорот околу границата во западниот дел на Хималаите поради кој двете земји водеа војна во 1962 година. Односите меѓу двете земји се тензични и поради кинеската поддршка на индискиот ривал Пакистан, како и поради индиското гостопримство на протераниот тибетски верски лидер Далај Лама.